е-Даночните сервиси за Радиодифузна такса (РДТ) ви овозможуваат од било кое место и во било кое време 24/7 да вршите on-line:

Плаќање со безготовинска картичка (издадена од домашна банка)
Увид во евиденцијата за радиодифузна такса
Преглед на платени и неплатени решенија за РДТ

Задолжително најавете се со вашето корисничко име и лозинка за да можете да ги користите електронските сервиси за РДТ.

Доколку прв пат пристапувате и немате креирано ваш профил, изберете го менито "Регистрирај се" и следете ја процедурата.
Постапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат!

На даночните обврзници (правни лица, вршители на дејност и физички лица) кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, без дополнителна регистрација, само со дополнување на податокот за интерна шифра од МРТ во сопствениот профил, автоматски им се овозможува користење на електронските сервиси за РДТ.

За повеќе информации преземете го „Корисничкото упатство за електронски сервиси за РДТ" и "Упатството за подесување на клиентската околина" или контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000.

Користете ги м-Даночните сервиси на УЈП за да вршите увид во евиденцијата и преглед на платени и неплатени решенија за РДТ од вашите паметни телефони и таблети.

Get it on Google Play